Дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28

Во пресрет на верските празници Св.Петка и Св.Пантелејмон утре, задутре и во четврток, ЈСП Скопје ќе пушти во сообраќај дополнителен број автобуси на линиите 69 и 28.
Како што соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, утре на линијата 69 која сообраќа од Транспортен центар до село Дивле ќе се реализира едно поаѓање, во 15.30 часот. В среда ќе сообраќаат три автобуса од село Дивле кон Транспортен центар, во 5:45, 15:30 и во 19:30 часот.
Овие поаѓања, како што се наведува, се вонреден превоз имајќи предвид дека автобуската линија 69 сообраќа само за време на викенди. Вонредниот превоз е по барање на црковниот одбор на „Св.Петка“.
ЈСП Скопје информира дека в среда и четврток ќе обезбеди дополнителен број автобуси на линијата 28.
В среда освен редовните поаѓања утврдени со летниот возен ред, автобус на линијата 28 од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село) ќе има и во 17:20 часот, како и во 19.50 часот во обратен правец. В четврток вонреден автобус ќе има во 7:10 часот од Транспортен центар кон Нерези (Македонско село), односно во 11.20 часот во обратен правец.
ЈСП Скопје соопшти дека во овој случај одговориле позитивно на барањето на манастирот „Св.вмч.Пантелејмон“.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
