Дожд и грмежи, потопло од понеделник

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
- Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени, се наведува во соопштението на УХМР.
За време на викендот, врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
