Дожд, северен ветер и пониски темпераури во среда и четврток

Студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер со пониски температури се очекува во земјава во среда и четврток.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а
во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали. Температурата ќе се движи од 4 до 21 степен.
Во среда од крајот на денот и преку ноќта преку Македонија ќе помине студен бран проследен со повремен дожд и засилен северен ветер, минималната температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 15 до 22 степени. .
Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура позначително ќе опадне и ќе се движи 10 до 18 степени. Утринската според најавите ќе биде од минус два до седум степени.
Од петок дневните температури ќе се во постепен пораст, но утринската ќе биде на некои места под нулата и ќе се движи од минус три до шест степени. Дневната во петок ќе достигне до 21 степен, а за викендот и до 24 степени.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
