Дождот помага во гаснењето на пожарот во Општина Василево
Дождот што заврна синоќа околу три часот по полноќ помага во гаснењето на пожарот меѓу селата Владевци и Трибичино, во Општина Василево.
Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот е целосно ставен под контрола, а тим од 30 луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување е распореден на теренот.
-Засега нема места каде гори огнот, но бидејќи станува збор за многу тежок и непристапен терен ќе внимаваме во текот на денешниот ден да не дојде до повторно активирање на пожарот, рече Гудев.
Инаку, пожарот на оваа локација избувна на 25 овој месец, а во текот на вчерашниот ден, според информацијата од ЦУК, имало опасност пожарот да го зафати селото Владевци и правецот кон село Трибичино. Но, со правилен распоред на силите кои дејствувале на терен, била воспоставена контрола на пожарот и тој е пренасочен кон сртот на високиот рид.
Ново на Сител
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции