Дождот помага во гаснењето на пожарот во Општина Василево
Дождот што заврна синоќа околу три часот по полноќ помага во гаснењето на пожарот меѓу селата Владевци и Трибичино, во Општина Василево.
Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот е целосно ставен под контрола, а тим од 30 луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување е распореден на теренот.
-Засега нема места каде гори огнот, но бидејќи станува збор за многу тежок и непристапен терен ќе внимаваме во текот на денешниот ден да не дојде до повторно активирање на пожарот, рече Гудев.
Инаку, пожарот на оваа локација избувна на 25 овој месец, а во текот на вчерашниот ден, според информацијата од ЦУК, имало опасност пожарот да го зафати селото Владевци и правецот кон село Трибичино. Но, со правилен распоред на силите кои дејствувале на терен, била воспоставена контрола на пожарот и тој е пренасочен кон сртот на високиот рид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја