-->
-->
ДП пионери: Доминација на Даниел и Сара
-->

Во организација на ППК Младост 96 под покровителство на ППФМ во салата на ООУ Добре Јовановски се одржа Државното првенство во пинг понг во пионерска конкуренција за играчи до 15 години. Покрај фактот што радува а тоа е големата масовност на натпреварувачи во оваа категорија исто така неизвесно беше дали фаворитите ќе ги освојат шампионските титули. После раната елиминација на бранителот на титулата од минатата години Даниел Зхоу Главевски, Кенан Асанов беше фаворит за титулата, но кинеската магија на Даниел остана енигма за конкуренцијата и на крајот повторно, за последен пат во оваа конкуренција се радуваше на победничкиот пехар, совладувајќи го Лука Стојчев во финалето. Од следната сезона Даниел ќе се натпреварува во јуниорска конкуренција.
Во конкуренција на пионерки очекувано финале Сара С. Стојановска и Васе Богоевска. Сара и овој пат ја однесе победата и се закити со шампионската титула.
Сара и Даниел и во конкуренција на мешани двојки во драматичен натпревар ја освоија титулата. Во петтиот решавачки сет успешно одбранија три меч топки, и првата нивна меч топка да ја реализираат. Водството од 10:7 за противниците не успеа да ги деконцентрира и со пет поени во низа на крај славеа победа.
Во двојки во пионери малку изненадувачки но сосема заслужено државни прваци се Лука дворник и Борјан Цветковски.
Кај пионерките во двојки државни прваци се Софија Хасану и Фани Јованоска.
Државно првенство У 15 Пионерска конкуренција
Пласман
Пионери
1 Даниел Главевски Зхоу
2 Лука Стојчев
3 Александар Јакимовски, Лука Серафимовски
Пионерки
1 Сара С. Стојановска
2 Васе Богоевска
3 Софија Хасану, Фани Јовановска
Пионери Двојки
1 Лука Дворник / Борјан Цветковски
2 Лука Серафимовски / Петар Мицов
3 Иле Јованоски / Иван Танески
Борис Секулов / Томе Милев
Пионерки Двојки
1 Софија Хасану / Фани Јованоска
2 Сара С Стојановска / Васе Богоевска
3 Сара Стојановска / Деспина Ристовска
Верица Преметарова / Кевија Стоилова
Пионери / Пионерки Мешани Двојки
1 Даниел Главевски Зхоу / Сара С Стојановска
2 Антонио Крстевски / Васе Богоевска
3 Лука Стојчев / Сара Стојановска
Софија Хасану / Иле Јованоски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
