ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
Коалицијата меѓу конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ и централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) е најомилената опција по изборите во недела, покажува резултатот од најновата анкета за која пренесува ДПА.
Според истражувањето спроведено од институтот за истражување на јавното мислење YouGov, 44 отсто од испитаниците ја поддржале „големата коалиција“ составена од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) со СПД.
Други 25 отсто гласачи претпочитаат тројна коалиција во која ќе бидат вклучени и Зелените, додека 30 отсто ја поддржуваат коалицијата во која ќе биде вклучена и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), и покрај тоа што ЦДУ/ЦСУ отфрлија каква било соработка со партијата.
Анкетата, спроведена меѓу 1,001 гласач со право на глас од 21:15 часот (2015 по Гринич) на изборната ноќ, беше направена пред да се утврди конечната распределба на пратеничките мандати, додаде ДПА.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон