ДПИ: Констатирани прекршоци кај економски субјекти за замрзнатите цени и снабдувањето
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 27.03 до 09.04.2023 година изврши над 1 100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Притоа, како што соопшти, се наплатени и издадени над 230 прекршочни платни налози со вредност над 7 727 000 денари од кои 50 се по Закон за трговија, 32 по Закон за угостителска дејност, 26 по Закон за заштита од пушењето, 80 по Закон за финансиска дисциплина и 16 прекршочни платни налози по Закон за енергетика.
-Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 280 инспекциски надзори и контроли по Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговија на мало и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 110 000 денари.
ДПИ најавува дека и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој што се обидел на каков било начин да изврши прекршување на овие одлуки.
-Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, наведува ДПИ.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст