-->
-->
Дракслер и официјално е нов член на ПСЖ
-->
Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер и официјално е нов член на францускиот шампион Париз Сен Жермен.
Екипата на Волфсбург денеска и официјално го потврди трансферот на Дракслер во ПСЖ на својот веб сајт.
За трансферот на 23-годишниот германски репрезентативец, францускиот шампион одвои 42 милиони евра плус дополнителни бонуси, а ќе биде со трајност од четири сезони.
Инаку Дракслер во Волфзбург дојде од Шалке на крајот на август 2015 година. Тој одигра 34 натпревари во Бундеслигата, и постигна пет гола, додека на деветте натпревари во Лигата на шампионите беше стрелец на три гола.
Еден од најперспективните европски фудбалери за репрезентацијата на Германија настапи на 27 натпревар на кои постигна три гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово