Драма: Самохрана мајка на извршителите им се заканува дека ќе скокне од балкон

Жената во чиј стан дојдоа судски извршители, се заканува дека ќе скокне од тераса.
На местото на настанот во белградската населба Мирјево се пожарникарите, полиција како и Брза помош.
Судските извршители дошле утринава во Мирјево за да ја иселат од станот самохраната мајка Данка Г. која во него живее од 2014 година. Таа како што истакнува станот го купила уште во 2012 година, го платила и има купопродажен договор.
Во меѓувреме се јавиле први купувачи кои тој стан го купиле претходно, директно од инвеститорот. Тие на суд го добија случајот и судската пресуда е дека жената мора да се исели.
Таа тврди дека тоа нема да го направи и по доаѓањето на судските извршители и полициајта се качила на балконот и се заканува дека ќе се фрли.
Со неа во станот живее и нејзината 11-годишна ќерка.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
