-->
-->
Драма во операциона сала - Лекарите приметиле дека пациентот се мрда а потоа следел шок
-->
Маж кој бил на операција за отстранување на крајниците слушал и осеќал се што му правеле на операцијата, поради лошата работа на анестезиолозите, било напишано во извештајот. Пациентот примен во една приватна болница во Сиднеј, бил буден во текот на еден дел на операцијата, каде требале да му бидат отстранети крајниците.
Иако бил свесен се што се случува околу него, тој не можел да се мрда и да комуницира. Докторите приметиле дека нешто не е во ред со него,кога приметиле дека трепка и кога почнал да му се качува крвниот притисок. По операцијата, тој потврдил дека бил буден во текот на операцијата, но дека во тој момент не можел да зборува поради ефектот на невромускуларната блокада која ја добил. Во истрагата е утврдено дека анестезиологот направил пропуст и не го уклучил уредот со кој се одржува пациентот да не се разбуди. Пациоентот бил свесен во текот на поглемиот дел на операциската процедура која му причинила значајна неугодност и психолошки стрес, стои во извештајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти