-->
-->
Драма во Радишани: Го истепале па го удриле со автомобил
-->
Вчера во 20.00 часот во Единицата за известување и командување, 39- годишниот В.Р од населба Радишани-Скопје пријавил дека околу 17 часот 30 минути физички бил нападнат од две непознати лица.
Додека В.Р. се движел по улица „Радишанска“ со неговото патничко возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата сопруга и неговата ќерка, во еден момент патничко возило „Пасат“ со непознати регистарски ознаки, кое се движело пред него, без предупредување нагло закочило.
Изреволтиран поради постапката, В.Р. го сопрел своето возило, излегол и се упатил кон возилото пред него. По кратка расправија, од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале В.Р., кој загрозен за неговата сигурност, почнал да им возвраќа на ударите.
Откако некој од присутните пријавил во полиција, едното лице избегало, а другото влегло во возилото и со возилото го удрил В.Р., кој паднал на хаубата и со главата го удрил ветробранското стакло.
После 100 метри возилото закочило и В.Р. паднал од хаубата. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени