Драма во судот, ја поли судијката со бензин и бараше да го ослободи

Обвинетиот Хозе дос Сантос (36) од Сао Паоло, Бразил за зграпчил судијката Татјана Мореира Лима и ја зел како заложник пред да почне судењето во кое бил обвинет за семејно насилство.
Страотниот инцидент во судницата траел цели 20 минути, а со камера снимал еден полицаец.
Сантос ја полил со бензин судијката и држел запалка во рака и се заканувал дека ќе ја запали ако не го прогласи за невин за нападот врз својата сопруга.
Сантос наводно планирал да стане првиот бразилски бомбаш самоубиец, а во својот ранец носел и молотов коктел.
Кога стигнал во суднициата запалил мал пожар на влезот и успеал да ги избегне полицајците кои пукале во нео. Кога влегол во канцеларијата на судијката ја зграпчил за врат и ја полеал со бензин. Ја фрлил на подот и клекнал врз неа, а потоа и рекол да го ослободи зоште „не бил насилен човек“.
Тогаш побарал и полицаецот да го снима, зошто сакал да биде на телевизија.
Судијката цело време ја држел за врат и ја терал да ги повторува неговите зборови: Не си виновен и слично, а се обратил и на својата ќерка дека не бил гад и дека не е виновен.
Тој се занел во насилството, и во зборувањето пред камерата, а во тоа време полицајците подготвиле напад. Успеале да го совладаат со апарат за гаснење пожар.
Судијката е однесена во болница, а кратко потоа и пуштена.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
