Дрога и оружје: Што пронајде полицијата при претресот кај братот на функционерот на СДСМ?
Паковка со дрога и куршуми биле пронајдени кај осомничените кои вчера во голема полициска акција беа приведени во Скопје. Според информациите до кои дојде Press24 во претресот кај осомничениот за кој дел од медиумите тврдат дека е брат на поранешен пратеник на СДСМ, била пронајдена 1 паковка со прашкаста материја и 50 куршуми со калибар 9 милиметри.
Press24 од полициски извори дознава дека паковки со прашкаста материја за која се претпоставува дека е кокаин биле пронајдени и кај другите приведени во полициската акција.
Според информациите, тие покрај дрогата имале и реденици со куршуми, 25 парчиња со калибар 5,56 милиметри.
Во претресот пронајдена е и една кеса во која најверојатно имало марихуана како и еден зад со траги од прашкаста материја за која истрагата верува дека е кокаин.
Полицијата вчера во голема акција приведе повеќе луѓе кои ги сомничи дека како криминална група продавале кокаин по скопските улици. Полицијата се сомнева дека организатор на групата е С.Р. кој според дел од медиумите е брат на поранешен пратеник на СДСМ.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено