Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник

– Државниот секретар на САД Марко Рубио им упати честитки на граѓаните на Русија по повод Денот на Русија, националниот празник што се одбележува на 12 јуни.
Во изјава од Стејт департментот, Рубио истакна дека САД остануваат посветени на поддршката на рускиот народ во остварувањето на нивните аспирации за подобра иднина и изрази надеж за конструктивна соработка со Русија за траен мир со Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андреј Сибиха, го осуди потегот, нарекувајќи го непријатен и нагласувајќи дека агресорите не треба да се наградуваат, особено во услови на војна од 2022 година.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го поздрави чекорот на Рубио како знак за промена во односите со новата администрација на САД под Доналд Трамп.
Денот на Русија се одбележува на 12 јуни – на денот кога во 1990 година беше усвоена Декларацијата за државен суверенитет.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
