Македонија
14. April 2023 - 14:34

Државна и црковна делегација утре во посета на Ерусалим

Државна и црковна делегација утре во посета на Ерусалим на преземањето на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб.

- Утре државна и црковна делегација од Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и Шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, ќе учествуваат на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел, соопшти владината прес служба.