ДС: Владата да реагира на грубото мешање на Бугарија за пописот во Албанија
Демократскиот сојуз ги повикува сите Македонци во Албанија на пописот слободно да ја искажат својата национална и верска припадност, како и мајчиниот македонски јазик на кој зборуваат и да не им обрќааат внимание на заканите на претставници од Бугарија.
Националната свест има највисока цена и со ништо не може да се промени.
Демократскиот сојуз го повикува државно-политичкиот врв да се вклучи во заштитата на Македонците од бруталниот притисок на Бугарија во Албанија во врска со пописот на населението.
Демократскиот сојуз бара Владата изворно да ги следи сите недемократски и незаконити активности на претставници на Бугарија врз Македонците, секојдневно да ги информира и најостро да реагира пред Советот на Европа и Европската унија за грубото мешање на Бугарија во пописот на населението во Албанија заради менување на националната свест на Македонците.
Почитувани функционери, доста долго сте во САД,, време е да се вратите во државата и да се фатите за работа.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
