ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Денес на парламентарни седници во првата фаза, од сите присутни пратеници, беа поддржани два многу битни закони.
По скоро две и пол години, денес пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица. Ова е првата фаза, следи јавна и амандманска расправа, по што пратениците повторно треба да се изјаснат, односно да гласаат.
Во првата фаза беше поддржан и Предлог - законот за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, закон со кој ќе започне неселективна борба против организираниот криминал и справување со високата корупција.
Се предвидува формирање на независна Агенција, надвор од какви било политички и други центри на влијание. И по овој закон следи амандманска расправа и повторно изјаснување на пратениците.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
