Свет
6. July 2017 - 9:24

Дуда: Посетата на Трамп на Варшава ја засилува позицијата на Полска во ЕУ

Посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп, на Варшава ја засилува позицијата на Полска во Европската Унија, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, цитиран од британските медиуми.

- Ова е втора надворешнополитичка посета на претседателот Трамп и таа почнува токму од Полска. Тоа покажува дека сме земја која има значење, и ја засилува нашата позиција во ЕУ, изјави Дуда за јавниот радиски сервис.