ДУИ и БЕСА: Преговори за Влада се уште нема
Преговори за владина коалиција се уште не се водат, брифираат од ДУИ откако вчера лидерот Али Ахмети се сретна со лидерот на БЕСА Гаши што беше протолкувано како отворена врата за разговори со СДСМ и Зоран Заев.
Сепак, меѓупартиски разговори и контакти има. Официјално од ДУИ и од БЕСА велат дека вчерашната средба Ахмети – Касами не била во функција на договори за ново парламентарно мнозинство.
- Средбата е по барање на Ахмети. Суштински е разговарано за потребата од брзо ставање во функција на институциите и за целосно посветување за почеток на преговорите за членство на ЕУ. Ваквите средби се нормални и позитивни кои придонесуваат за зајакнување на демократските капацитети на сериозните политички партии – велат од БЕСА.
Речиси идентична информација за средбата даде и самиот Ахмети.
И од ДУИ велат дека се уште не почнале со преговори, но според нив јасно е дека тие се победничката партија во албанскиот блок и со тоа легитимен преговарач за во Влада. Неофицијално, преговорите прво ќе почнат со СДСМ која има 46 пратеници заедно со БЕСА, а со тоа и два повеќе од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски извори коментираат дека кои владини ресорси ќе бидат побарани ќе зависи од тоа како ќе тргнат преговорите за премиер Албанец.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом