ДУИ: Одлуката на Пендаровски да не го потпише Законот за игри на среќа е за жалење
Одлуката на Пендаровски е за жалење, се вели во реакцијата на Демократската партија на Албанците (ДУИ) откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри, што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 7 февруари.
„Опозицијата две години по ред го блокираше законот за оддалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање.
Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.
Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата.
Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците“, се вели во реакцијата на ДУИ.
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
