Спорт плус
6. August 2024 - 8:09

Дуплантис го одбрани олимпиското злато - Повторно го собори сопствениот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис вечерва го одбрани златниот медал со нов светски рекорд во скок со стап на Олимписките игри во Париз.

Дуплантис го освои златниот медал, прескокнувајќи шест метри и 25 сантиметри.

Дуплантис ја почна серијата на височина од 5,95 метри, по што повторно веќе во првиот обид прескокна шест метри и 6,10 метри.

Потоа ја подигна летвичката на 6,25 метри во обид да го собори светскиот рекорд, што му успеа во третиот обид.

Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд од 6,24 метри.

Американецот Сем Кендрикс го освои среброто со скок од 5,95 метри, а Гркот Емануил Каралис се закити со бронзата, прескокнувајќи 5,90 метри.