Дурловски пуштен во куќен притвор
Притворот е заменет со куќен и за Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија.
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска го прифати барањата на Обвинителството и на пратеничката Жаклина Пешевска и го укина куќниот притвор и и определи мерки за претпазливост, додека на Игор Дуловски и Елена Доцевска-Божиновска, вработена во Собранието на Република Македонија притворот им го замени со куќен притвор, соопштија од Судот.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал за продолжување на мерки за обезбедување присуство против 35 лица поврзани со настаните од 27 април 2017 година кои се случија во Собранието на Р.М. за кривичното дело од член 313 од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителството и на: К.М., С.В., Љ.А., М.Ч., Д.Л., Г.Ѓ., О.П., О.Р., М.П., А.А., И.Ц., Б.Д., Б.И., В.Ј., М.П., З.С., Ј.Ч., И.С., Г.А., В.Т., и В.М., им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена. На Љ.Д., Ј.Т., С.М., С.М., и М.М. им ја продолжи мерката куќен притвор, на Е.Д.Б. и И.Д. го прифати предлогот на Обвинителството и им ја укина мерката притвор и им определи мерка куќен притвор и на Ж.П. го прифати предлогот на Обвинителството и ја укина мерката куќен притвор, а и определи мерки за претпазливост, односно - Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска обвинетиот да се јавува на овластено службено лице во Судот, Одземање на патна исрпава и забрана за издавање нова патна исправа и Забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица“, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
