Душко Коцевски е нов в.д. директор на ЈП ПОЦ
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски, информираат од јавното претпријатие.
-Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, ќе работиме на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво. Тоа значи подобри услуги за нашите корисници, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот, вели новиот в.д. директор на јавното претпријатие, Душко Коцевски.
Душко Коцевски е роден на 17.12.1988 година во Скопје, каде и го завршува основното и средното образование. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока Финансиски менаџмент.
Моментално ги завршува постдипломските студии на CITY College Thessaloniki, International Faculty of the University of Sheffield, каде ќе се стекне со титулата Магистер по бизнис администрација (Executive MBA).
Учествува на многубројни домашни и интернационални проекти за лидерство како што се: Програмата за одржливо лидерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Економски факултет – Скопје, Институтот за истражување на животна средина, градежништво и енергија (IECE), Универзитетот во Грац, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот Витаутас Магнус; The LEADER Project, Ivey Business School (University of West Ontario).
Во својата кариера Душко Коцевски беше заменик директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, каде дојде на оваа позиција од менаџерска позиција во приватниот сектор во металната индустрија, a до неодамна беше и претседател на Извршниот Одбор на ЈП „Паркови и зеленило“.
Ново на Сител
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
