-->
-->
Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови
-->

Рускиот аеродром во Казан привремено затвопрен за летови објави денеска на својот канал на Телеграм руската агенција за надзор на воздушниот транспорт Росавијација, по нападот на украинските беспилотни летала врз градот.
Руските државни медиуми објавија за напад со дронови врз станбен комплекс во Казан, град на околу 800 километри источно од Москва.
Според нив, биле извршени осум напади со беспилотни летала, од кои шест врз станбени згради. Локалните власти засега не соопштија за жртви.
Росавијација, исто така, најави воведување привремени ограничувања на работата на аеродромот во Ижевск, помал град североисточно од Казан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
