-->
-->
Дваесет и две девојчиња загинаа во пожар во дом за деца во Гватемала
-->

Биланост на загинатите во пожарот во државен дом за деца во Гватемала се зголеми на 22 лица, поради што во земјата е прогласна тридневна жалост.
Сите настрадани се тинејџерки на возраст меѓу 14 и 17 години, соопштија властите.
Десетици девојчиња се префрлени во болница, а повеќе од нив имаат изгореници од повисок степен.
Според болничките власти во пожарот се повредени 38 лица, од кои 16 се во критична состојба.
Пожарот изби синоќа во делот од зградата, каде се сместени тинејџерки. Постои сомневање дека пожарот избил за време на бунтот на тинејџерките против персоналот во домот.
Со домот управуваат државните социјални служби, а во него се сместени лица под 18 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
