Дваесет илјади пчели блокираа автомобил
Автомобилот на Керол Хаварт (65) два дена имаше на себе 20.000 пчели откако нивната матица се заглави во багажникот на возилото.
Нејзиниот сребрен „мицибуши аутлендер“ на 28 часа беше вистинска кошница на четири тркала. За фаќање на ројот биле потребни три пчелари, ренџери на Националниот парк и храбри минувачи во западен Велс кои пчелите ги сместиле во картонски кутии.
Инцидентот се случил во центарот на градот Хавердфордвест кога жената го паркирала автомобилот и заминала на шопинг. Кога излегла од возилото повеќе од илјада пчели слетале на задниот дел на автомобилот и предизвикале винимание на минувачите кои застанувале и ја фотографирале неверојатната глетка.
Но, откако успеале да ги фатат сите пчели на паркингот и ги ослободиле, тие повторно тргнале по Керол и нејзината кола. Таа морала повторно да контатира со пчеларите и засекогаш да се ослободи од ројот, а рече дека нивната матица не е пронајдена во багажникот.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка