Двајца дебрани со тепачка го нарушиле јавниот ред и мир

Јавниот ред и мир по полноќ го нарушиле двајца дебрани, против кои, по целосно документирање на настанот, полициската станица од општа надлежност ќе поднесе соодветна пријава.
-Денеска во 1:20 часот, на улицата „ Братство единство“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од А.К. врз А.М.(26), двајцата од Дебар, потврди Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Претходно полициската станица од општа надлежност во Дебар, соопшти дека лицето Ш.Ч. од гостиварското село Врапчиште и Л.Б. од Дебар на улица „8 Септември“ го нарушиле јавниот ред и мир.
Јавниот ред и мир беше нарушен и во Центар Жупа. Според полициската канцеларија во Центар Жупа, А.Ј.(21) од селото Праленик, пријавил дека бил физички нападнат од Е.Е. од истото село.
Ново на Сител
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
