Македонија
30. November 2015 - 16:45

Двајца проведени во Кавадарци откако со сигнален пиштол сакале да решат расправија

Со сигнален пиштол едно лице пукало кон друго по кратка вербална расправија попладнево во Кавадарци.  

Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, потврдувајќи го настанот за МИА појасни дека двете лица започнале караница, а по кратка вербална расправија  едното лице извадило сигнален пиштол и  испукало кон другото лице.

- За кратко време двете лица  се лишени од слобода и се работи  на расветлување на случајот, изјави Стојковска.