-->
-->
Двајца странци протерани поради нелегален влез во Македонија
-->

Две лица, државјани на Германија и на Бразил што оствариле нелегален влез во Република Македонија вчера околу 8 часот биле откриени во близина на граничен камен 59 на македонско-грчката граница.
Тие, како што информира МВР, заедно со група мигранти се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија при што сториле прекршок по член 9 од Законот за гранична контрола.
- На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Република Македонија со забрана за повторно влегување за период од пет години, соопшти МВР, нагласувајќи дека биле задолжени веднаш да ја напуштат територијата на Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
