Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег

Двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег биле затекнати од неповолни временски услови по што побарале помош на Единствениот број за итни повици 112.
Центарот за управување со кризи информира дека тие се безбедно евакуирани во координација со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово.
- По проверката на пристапноста до локацијата, утврдено е дека од македонска страна пристапот е единствено пеш, при што, поради временските услови, за пристигнување до објектот се потребни повеќе од шест часа во еден правец. Хеликоптерскиот пристап од наша страна не е возможен поради дождот и маглата. Од косовска страна, пак, постои пристапен пат од скијачкиот центар Брезовица до објектот каде што се засолнети лицата, посочува ЦУК.
Веднаш по добивање на пријавата, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Тетово ги известил надлежните служби, а со оглед на попристапниот терен од косовска страна, како најсоодветно решение било оценето лицата да бидат преземени со возило преку пристапниот пат од страната на Косово.
- Во текот на координацијата остварен е контакт и со Службата за пребарување и спасување во планина на Косово. Во 11:45 часот, Дежурниот оперативен центар при ЦУК воспостави директна комуникација со едно од лицата преку телефонски разговор и СМС-порака, при што беше информирано дека екипа од Косово ќе пристигне за нивно безбедно извлекување. Според информацијата добиена во 14:21 часот од косовската служба за пребарување и спасување во планина, нивните екипи биле во постојана комуникација со лицата. Потврдено е дека двајцата странски државјани се во добра здравствена состојба, а нивното извлекување се очекувало околу 16:00 часот, информира ЦУК.
Во 16:50 часот, Центарот за управување со кризи добил информација дека двајцата странски државјани се пронајдени во добра здравствена состојба и се транспортираат кон локација во Штрпце, Република Косово.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
