Двајца уапсени во Германија за ширење нацистичка пропаганда

Германската полиција денеска уапси двајца припадници на екстермно десничарска група кои користеле веб портал за да предизвикуваат насилство врз странци, да шират нацистичка пропаганда и да го негираат на холокаустот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според берлинското Јавно обвинителство, околу 60 припадници на специјалните полициски сили и истражител учествувале во операрацијата на пребарување на имоти во четири германски покраинни и на една локација во Шпанија.
Осомничените Јута В. и Ралф Томас К. се товарат дека се лидери на криминална организација која преку веб порталот „Алтермедиа Дојчланд“ учествувале во дискусии на тема расни разлики.
- Судбината на светот лежи во расата, тврди еден од членовите на форумот под име Патрон, кој има профилна слика со печат на кој се наоѓа слика на Хитлер и нацистичкото знаме.
Групата има уште тројца други членови, но за нив Обвинителството во Берлин не дава други податоци.
Во дискусиите на нацистичкиот форум други членови ја користеле фразата „Расна чистота“ и објавувале други нацистички поздрави и изрази. Осомничените повикувале на насилство врз странци и врз луѓе со други религии и боја на кожата, а во своите написи го негирале убиството на шест милиони Евреи во Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
-

„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
-

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови
-

Променливо облачно, температури до 16 степени
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
