Двајца загинати и 73 повредени при експлозија во турска фабрика за пиротехника
Две лица загинаа, а 73 се повредени при серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија.
Претходно беше објавено дека се повредени 56 лица, а повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините на фабриката.
Градоначалникот на Хендек, Тургут Бабаоглу изјави за државната телевизија ТРТ дека се прават напори за ставање на ситуацијата под контрола.
Голем број работници успеале да го напуштат објектот за време на инцидентот.
Веднаш се ангажирани десетици пожарникарски и спасувачки екипи, како и возила на итна медицинска помош.
Турските министри за внатрешни работи, за здравство и за труд заминале за Сакарија.
Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми.
Ново на Сител
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби
-
Украина работи на одржување средба меѓу Зеленски и Трамп
-
Лазаров за ремито со Австрија: Горд сум на моите ракометари
-
Капитенот Кузмановски донесе реми во последните секунди на натпреварот Македонија-Австрија
-
Собранието го донесе Законот за заштита на децата, прифатени само два амандмани