Двајца загинати во пожар во Калифорнија, илјадници се загрозени

Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија, која моментално страда од екстремни горештини.
Според првиот извештај на пожарникарите, едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници. Пожарникарите повикаа на евакуација на повеќе од 3.000 жители, а во исто време властите предупредуваат на можност од прекин на снабдувањето со електрична енергија. Пожарот избувна во понеделникот во близина на градот Хемет, југоисточно од Лос Анџелес, и изгоре повеќе од 1.600 хектари.
Изгореа неколку згради, а училиштата во областа беа затворени. Пожарот „се прошири многу брзо, пред да пристигнат пожарникарите“, објасни на Твитер портпаролот на пожарникарите. Покрената е истрага за утврдување на причините за пожарот. Во исто време, компанијата за снабдување со електрична енергија Јужна Калифорнија Едисон пријавила прекин во моментот на пожарот во областа.
Таа компанија веќе платила милијарди долари за пожарите во Калифорнија предизвикани од нејзината лоша инфраструктура.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана
-

Одложено судењето за 13 полицајци за кочанската трагедија
-

Владата ќе анализира дали се оправдани најавите за зголемување на цената на лебот
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
