Дванаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и шест технички неисправни возила и 12 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи за не користење заштитен шлем, 11 возачи за не носење сигурносен појас и 12 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 73 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 78 возила.
Ново на Сител
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија
-
Постудено време со мала облачност и силен ветер
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали