Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско
Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира за МИА директорот на ДЗС Беким Максути.
Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.
Максути претходно за МИА појасни дека Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, односно потребни се уште двајца пилоти, бидејќи, како што рече, едниот му е контролор, додека другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба.
ДЗС утринава, по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие ќе бидат ангажирани до крајот на оваа година.
Максути не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.
Ново на Сител
-
Венецуела започнува кривично гонење против лидерите на опозицијата кои ги оспоруваат изборните резултати
-
Најмалку пет експлозии се слушнале во Киев
-
Дуплантис го одбрани олимпиското злато - Повторно го собори сопствениот рекорд
-
Кина со најмногу златни медали по десеттиот олимписки ден
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност
-
Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир
-
Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени