Две интервенции на кривопаланечките пожарникари денес

Припадниците на Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка денеска интервенирале на дојава за пожар на две локации во градот.
Едната дојава е примена во 17 часот и 10 минути за запален кујнски бојлер од спој на електрична инсталација во угостителски објект на главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, а другиот околу 18 часот и 20 минути на улица”11 Октомври”.
– Во првиот пожар поради спој на електрична инсталација во угостителски објект кај месноста “Соларски мост” се запали кујнски бојлер, а интервенција е извршена со едно возило и тројца пожарникари. Брзата реакција на нашата служба придонесе да не настане поголема материјална штета, мало оштетување има само во кујната на објектот, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка
Во вториот случај, поради невнимание на жителите на куќа во населба Чука, на ул”11 Октомври”, зад место викано Мини маркет, кои запалиле отпад во дворот, настанал пожар што зафатил дел од куќата.
Интервенција на ТППЕ е извршена со едно возило и тројца пожарникари, станува збор за стара куќа со дрвена конструкција, поради што постоела опасност пожарот брзо да се прошири и да предизвика големи штети, но истиот е ликвидиран навреме и како што информираат од противпожарната единица, нивни екипи ќе вршат контрола во текот на вечерта, бидејќи во објектот кој сегашните жители го користат под наем, живее самохрана мајка со две малолетни деца.
Пожарот е пријавен и во Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
