Две изведби на балетот на мраз „Оревокршачка“ на 4 декември
Балетот на мраз „Оревокршачка“ од Чајковски на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург на 4 декември во Македонската опера и балет ќе има две изведби поради голем интерес од публиката.
Билетите за претставата од 20 часот се веќе распродадени, така што е одлучено истата вечер да има уште една претстава со почеток во 22 часот, соопшти Прагма продукција која го организира гостувањето.
Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ги спојува балетската уметност и уметничкото лизгање како најелегантен спорт. Основан е во 1967 година од балетскиот кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е познатиот руски диригент Лео Коркин.
Минатата година Балетот гостуваше во МОБ со „Лебедово езеро“ од Чајковски. Од овој руски композитор на репертоарот ја има и балетската претстава „Заспаната убавица“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.
Билетите за втората закажана претстава на балетот на мраз „Оревокршачка“ може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, во „Пола Југотон”, „Југотон”, Цвеќара „Розе” - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка