Македонија
25. July 2021 - 15:34

Две лица фатени при нелегална сеча на букови стебла во беровско

Во атар на Берово, на место викано „Шуманов Чукар“, денеска на пладне полицијата ги затекнала Д.В. и М.В. од село Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, за настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.