-->
-->
Две лица палеле кабли и сува трева во скопски Карпош
-->
На 06.03.2025 во 14.30 часот на ул.„Скупи“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(19) и Е.Д.(18), двајцата од Скопје.
Имено, претходно било пријавено дека на улицата бил забележан густ чад, по што полициски службеници излегле на местото и ги затекнале лицата како палат кабли, при што запалиле и сува трева.
Лицата биле приведени во полициска станица и од нив биле одземени каблите за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена пријава по член 288 - „предизвикување општа опасност“ и член 236 – „тешка кражба“ од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда