Две лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје - Тетово

Една 20 годишна девојка и една малолетничка се повредени откако со своето возило преминувајќи во спротивната лента се превртеа на автопатот Скопје - Тетово. Сител неофицијално дознава дека тие се во добра здравствена состојба и поминале само со телесни повреди, но поради мониторирање на нивната состојба ќе бидат задржани во болница во текот на целата ноќ.
„Попладнево во 17.50 во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово во близина на с.Желино, атар на Сараќино, патничко возило "опел корса", со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале една 20-годишна и една малолетна жителка на с.Копаница, преминало на другата коловозна лента и се превртело. Во незгодата двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница“ - велат од МВР за Сител.
Во тек е увид кој го врши екипа на СВР Тетово.
Сообраќајот на автопатот веднаш по тетовската патарина се одвива во една коловозна лента, а полициски служвеници регулираат.

Даниел Василев
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
