-->
-->
Две лица загинаа во пожар во Сараево
-->
Две лица загинаа денеска во пожар предизвикан од експлозија на плинска боца во стан во босанскиот главен град Сараево, соопшти локалната Служба за брза помош.
- Засега имаме два смртни случаи во станот каде што се случи пожарот. Три наши екипи се уште ги згрижуваат повредените и затруените од јаглерод диоксид, изјави дежурниот лекар, Јасмина Хањалиќ за агенцијата ФЕНА.
Експлозијата се случила утрово во 8.55 часот.
-->
-->
-->