Две млади девојки повредени во сообраќајна незгода во Кавадарци

Две девојки биле повредени во сообраќајна несреќа синоќа, кај спортската сала „Јасмин” во Кавадарци, потврдија утрово за МИА од СВР Велес.
Сообраќајката се случила околу 18 часот. Се работело за патнички автомобил, управуван од 42 годишна кавадарчанка. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила 24 годишна кавадарчанка, која била пренесена на скопските клиники. Две години помлада девојка од Кавадарци имала телесни повреди и била задржана на лекување во кавадаречката Општа болница.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на полициски службеници од Кавадарци.
Доктор Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци, рече за МИА дека според првите медицински согледувања, едната од девојките имала скршеници, а другата повреди на главата.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
