-->
-->
Две нови победи за Ѓорческа
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, која е прва носителка на фјучрсот во Анталија оствари две победи на денешните мечеви. Во сингл во 2.коло таа ја победи Барбора Миклова со 6-2 и 6-4 во сетови. Притоа нашата тенисерка имаше три брејка, а ривалката ниту еден. Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против квалификантката Јана Тишченко од Молдавија.
Во конкуренција на двојки во 2.коло таа со Ива Приморац од Хрватска (втори носителки) ги победија Деви Дијикман и Жанине Хемес од Холандија со 6-0 и 6-0 во сетови. Во двата меча Ѓорческа и Приморац постигнаа максимални победи.
Утре во полуфиналето ќе играат против Михелс - Вандагендонк од Белгија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
