-->
-->
Две прилепчанки нападнале полицајци
-->

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Д. (72) и Н.Т. (44), двете од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и за “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавените на 17.09.2017 година, при интервенција на полициски службеници во врска со поплака од нивниот сосед, започнале вербална расправија на повисок тон, одбиле да ги дадат личните карти и почнале да ги навредуваат
полициските службеници. По усна наредба на полициските службеници да влезат во полициското комбе, пријавените држејќи се за портата, давале отпор, а потоа почнале да маваат со рацете и нозете кон полициските службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
