Две жртви во тајфунот Лан во Јапонија

Најмалку две лица загинаа денеска во Јапонија во налетот на тајфунот Лан, а властите препорачаа евакуација на десетици илјади луѓе, додека поради невремето се откажани стотици летови.
Еден маж загинал под градежно скеле кое се урнало поради силен ветар, а еден рибар го загубил животот обидувајќи се да воспостави контрола врз својот брод.
Помал број луѓе пријавиле полесни повреди.
Тајфунот Лан, кој е класифициран како силна бура од четврта категорија, синоќа се наоѓаше јужно од Јапонија, движејќи се кон североисток со брзина од 50 километри на час со мало забрзување, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Се очекува тајфунот да донесе обилни врнежи, најмногу на јапонскиот остров Хоншу, а можно е утре наутро да се доближи и до Токио, кога се очекува да ослабне на ниво на бура од втора категорија.
Ново на Сител
-

Алиу: Изминатата година поставена насока - здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара
-

Почнува Светското фудбалско првенство 2026
-

Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19
-

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
