Движење БЕСА: Новата влада нема политички легитимитет за владеење
Очекувано, новата влада во претставувањето на програмата докажува дека нема ниту политички капацитет ниту изборен легитимитет да ја води државата. Во време на политички, економски, социјални и образовни предизвици, наместо да понуди решенија за суштински проблеми, новиот премиер ја разоткрива идејата за декриминализација на канабисот и празната политичка реторика која не гарантира сигурна иднина на земјата.
Сите забелешки што периодов ги даде Движењето БЕСА се докажани како точни, затоа најдобро решение за излез од кризата што ја предизвикува ова владата се предвремените парламентарни избори.
Извртувањето на политичката волја, пазарењето со купопродажбата на пратеничките мандати ја делегитимираа оваа власт затоа единствен излез од целата оваа состојба се прави само со враќање на мандатот на народот.
Движењето БЕСА ќе ги искористи сите демократски механизми за дополнително да го прикаже видтинското лице на ова нелегитимна, недемократска власт која е изградена на интерес на пазарење со купопродажба на пратеници, а не на политички принципи кои треба да ги има една влада.
Движење БЕСА
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија