Движење БЕСА: Поддршка за штрајкот на работниците во образованието
Движењето БЕСА го поддржува штрајкот на работниците во образованието и нивните барања за подостоинствена положба во општеството, бидејќи моменталните плати на вработените во образование се под достоинството на професионалниот живот. Како што правото на образование е загарантирано со закон, така и правото на штрајк е загарантирано како основно право во секоја држава во светот. Апелираме до Владата,што поскоро да најде решение за понудените барања на СОНК , бидејќи штрајкот никому не оди во прилог, особено не на учениците. Со усогласување на минималната плата ќе се прекине сегашното изедначување –иста плата на сите вработени, без почитување на степенот на образование и хиерархиската поставеност на работните позиции. Наставниците се најважната алка, кои со својот придонес и труд ја градат иднината на државата и општеството.
Премиерот и министерот многу добро знаат дека со овие примања на наставниците не се зачувува достоинството на семејството и честа на наставникот, па наместо да им се закануваат и притискаат, треба да се потрудат да излезат во пресрет на барањата на СОНК.
Движење БЕСА
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
