Ѕанакопулос: Грција има меѓународна обврска да го ратификува Договорот од Преспа

Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа, почитувајќи го својот партнер, но и своите меѓународни обврски, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“.
- Земјата има меѓународна обврска да го ратификува договорот, откако ќе завршат процесите во соседната земја. И тоа ќе го стори Владата, почитувајќи го нејзиниот партнер, но и нејзините меѓународни обврски. Се друго се предвремени сценарија. Цврсто сум убеден дека целиот процес ќе се одвива непречено и дека ќе можеме да ги надминеме сите тешкотии, секогаш почитувајќи ги спротивните мислења во внатрешноста на владата, рече Ѕанакопулос.
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, категорично го отфрла сценариото Договорот од Преспа да не помине во грчкиот Парламент и уште еднаш изразува убеденост дека во грчкиот Парламент ќе го има потребното парламентарно мнозинство.
- Моето мислење е дека не постои сценариото за неизгласување на договорот, за нератификување, со фактот дека и господинот Мицотакис рече дека нема да направи ништо, освен да го почитува Договорот од Преспа, доколку се изгласа, вели Ѕанакопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во интервју за грчката телевизија „Контра“, Ѕанакопулос рече дека посакува и двата процеси кај нас, референдумот и уставната ревизија да завршат успешно, а потоа, договорот да добие зелено светло и од грчкиот Парламент.
Тој ја повика партијата Река, да гласа за Договорот од Преспа, со оглед на тоа дека изјавите од оваа партија во минатото беа со поддршка за обидите на грчката Влада да постигне договор.
Ново на Сител
-

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
