Ѕанакопулос: Постои широко парламентарно мнозинство за Договорот од Преспа
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека во грчкиот Парламент постои широко мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
– Мислам дека постојат политички предуслови за широко парламентарно мнозинство во случајот што е најверојатен дека успешно ќе се заврши процесот на уставна ревизија кај соседот и договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент, вели Ѕанакопулос.
Во интервју за грчкото радио „Реал фм”, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, изразува надеж дека партијата Река ќе остане на почетната позиција и ќе го поддржи договорот.
Во однос на неодамнешните изјави на македонскиот премиер што предизвикаа реакции во Грција, вели дека „Заев води тешка битка во клима отежната од национализми, па дури и шовинистички перцепции, што преовладуваа во изминатите години во соседната земја”. Ѕанакопулос додава дека не треба да се занемари фактот дека и во Грција се развиле такви идеологии и перцепции во однос на соседите.
– Мислам дека ако некој го прочита Договорот од Преспа, но и ако се потруди да ги види одредбите од ревизијата на Уставот, но и содржината на ревизијата кај соседот, ќе сфати дека без сомневање, не остава никаков простор барем правно, но и политичи за иредентизам во соседната земја. Мислам дека сето ова е многу јасно во Договорот од Преспа и затоа не треба да оставиме сомневањата и реакциите од националистички карактер да не одведат до тоа да изгубиме огромна политичка, дипломатска и историска шанса за решавање на едно прашање што не измачува и нас и нашите соседи, но и целиот Балкан, речиси 30 години, објаснува портпаролот на грчката Влада во интервјуто за „Реал фм”
Ново на Сител
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје
-
ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија
-
Стејт департментот ги внесе Русија и Белорусија во списокот држави спонзори на трговија со луѓе
-
Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна
-
Состојба на патиштата
-
Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи